Во Британија вчера починале 563 заболени од корона вирусот

by fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вчера бил многу тажен ден за Британците поради големнит пораст на заболени лица од новиот корона вирус.

Владата претходно соопшти за 563 нови смртни случаи од последици од Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 2.352. Во Велика Британија регистирани се 29.474 лица инфицирани со новиот корона вирус.

Премиерот Џонсон предупреди дека епидемијата може да се запре само со почитување на усвоениот план и дисциплинирано се спроведуваат мерките за борба против Ковид-19.

Поврзани новости