Во Британија рекордни 1.325 смртни случаи од Ковид-19 за еден ден

by fokus

Велика Британија информира за 1.325 нови смртни случаи како резултат на Ковид-19, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, додека 68.053 лица се новозаразени со вирусот.

Најголем број смртни случаи од Ковид-19 за еден ден претходно беа пријавени на 21 април, кога 1.224 лица го загубија животот поради вирусот.

Нови мерки за карантин стапија на сила во Англија оваа недела, додека официјалните лица предупредуваат дека зголемениот број хоспитализации се заканува да ја оптовари Националната здравствена служба.

Поврзани новости