Во Британија 14-дневен карантин за патници од црвени зони

by Fokus

Патниците кои пристигнуваат во Велика Британија од 33-те земји на „црвената листа“ од денеска ќе треба да поминат 14 дена во карантин во хотели согласно новата владина мерка за запирање на ширењето на нови мутации на коронавирусот.

– Како што се развива овој смртоносен вирус, мора да се развива и нашата одбрана. Правилата што стапуваат во сила ќе го зајакнат системот за карантин и ќе обезбедат уште едмо ниво на заштита на границите од нови мутации, ја објасни новата одлука британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

Владата првично планираше 4.963 хотелски соби резервирани како дел од „пакетот карантин“, и овие хотели ќе имаат видливо присуство на безбедносните сили, а уште 58.000 соби се подготвени.

Поврзани новости