Во болниците низ земјава се лекуваат 875 пациенти заразени со корона вирусот

by fokus

Во ковид – центрите во болниците низ земјава и во главниот град се лекуваат вкупно 875 позитивни и суспектни на коронвирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје, бројот на хоспитализирани е 356, од кои 23 се примени во изминатите 24 часа – на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и на Институтот за ТБЦ, двајцана Клиниката за неврологија, 13 во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ и 5 на Инфективната клиника.

Врз основа на извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти, во болницата во Штип 50 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 19, а во Куманово 85 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19.

Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 69, во ковид – центарот во Гостивар 29, а во Струга 30. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 28, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Има околу 430 празни болнички кревети во ковид – центрите, но поради исписите на оздравени пациенти се очекува да се ослободат дополнителни места.

Поврзани новости