Во болниците низ земјава се лекуваат 1238 ковид-пациенти

by Fokus

Во ковид-центрите во болниците низ Македонија во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здрвство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 93, во Гостивар 73, а во Струга 40 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 18, Кавадарци 51, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар седум позитивни и суспектни на коронавирусот.

– Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1238 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство, напоменувајќи дека бројките се менуваат според направените приеми и исписи на пациенти и дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството информира дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости