Во болницата „8-ми Септември“ почина и кумановец позитивен на Ковид 19

by Frosina Fakova

Освен пациентот од струшко Лабуништа кој почина на Инфективната клиника со тешка клиничка слика, во болницата „8-ми Септември“ почина кумановец чиј тест, на 1 април бил позитивен, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Со ова, бројката на починати се искачи на 18 лица, а во последните часа се регистрирани 72 лица.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Поврзани новости