Во Благоевград отворање на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“

by Fokus

Во Благоевград, Бугарија  за денеска е закажано отворањето на македонскиот културен центар со името „Никола Вапцаров“.

Од македонските претставници во име на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува генералниот секретар Миле Бошњаковски, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да присуствува.

На отворањето на клубот присуство најавија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, а ќе замине и делегација од Демократскиот сојуз.

Поврзани новости