Во Белгија предупредување дека вирусот забрзано се шири

by fokus

Институтот за јавно здравје на Белгија објави дека во првата недела на јули стапката на репродукција на Ковид-19 повторно надмина 1, што значи дека вирусот повторно забрзано се шири, јави дописничката на МИА од Брисел.

Стапката на репродукција на вирусот кога надминува 1 е знак дека заразата пребрзо циркулира помеѓу населението. Во првата недела на овој месец стапката е од 1,1.

Бројот на новозаразени во Белгија е зголемен за 70 отсто во споредба со претходната недела, додека стапката на позитивни тестови е зголемена за 53 отсто, соопштија властите.

Сепак бројот на хоспитализации и на смртни случаи продолжува да се намалува, што се должи на високата стапка на вакцинација во Белгија, која достигнува речиси 80 отсто од возрасното население.

Според портпаролот на кризниот штаб за Ковид-19 делта сојот во Белгија сега сочинува 50 отсто од целокупниот број заразени.

Поврзани новости