Во Белгија 31 жртва во поплавите, а се трага по 163 лица

by fokus

Поплавите во Белгија неделава зедоа 31 жртва, а дури по 163 лица се трага.

„Нема повеќе опасност во погодените подрачја. Операциите за спасување се завршени, но потрагата и понатаму трае во повеќе зони“, објави белгискиот кризен центар со напомена дека се трага по 163 лица.

Во поплавените подрачја, главно на југот и истокот од земјата, полицајците ги проверуваат куќите и бараат луѓе.

Поврзани новости