Во автомобил пронајдени шест мигранти од Бангладеш и тројца од Пакистан

by fokus
Девет мигранти, шестмина од Бангладеш и тројца од Пакистан, биле пронајдени во автомобил „алфа ромео“, без регистерски таблички. Возачот, пак, кој и покрај наредбата да застане, продолжил да вози, се оддалечил од полицијата и избегал.
–На 22.06.2018 година околу 01.35 часот на автопатот Штип-Скопје, кај место викано „Канда“, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе дале знак за запирање на патничко возило „Алфа Ромео“ без регистарски ознаки. Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип. Во близина на Филтер станицата возачот го запрел возилото и побегнал. Од извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три лица од Пакистан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости