Во Албанија деветта жртва од коронавирусот

by fokus

На Инфективната клиника во Тирана синоќа почина 52-годишна пациентка заразена од Ковид-19,со што бројот на починатите од овој новиот коронавирус во Албанија се зголеми на девет лица.

Жената е од приморскиот град Валона, а на Клиниката била хоспитализирана пред четири дена ,а последните два била на интензивна терапија.

Соопштувајќи ја веста, Министертвото за здравство и социјална заштита изрази сочувство до семејството на пациентката и го повтори апелот до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и мерките, посебно да седат дома, ако мора да излезат да одржуваат социјална дистанца и да се јават на телефонскот број 127 доколку имаат симптоми на оваа болест.

Поврзани новости