Во Африка над 1.44 милиони заразени со Ковид-19

by Fokus 09:19
09:19

Повеќе од 8.000 нови случаи на корона вирус се регистрирани во Африка вчера, со што вкупниот број на заразени на африканскиот континент достигна 1,44 милиони, соопшти Светската здравствена организација.

Според регионалната канцеларија на СЗО, во изминатите 24 часа починале уште 161 лице или вкупно 34.857. Досега се опоравија повеќе од 1,1 милиони луѓе.

- Advertising -

Јужна Африка има најголем број на инфекции, 668.529, а повеќе од 16.000 луѓе починале. Повеќе од 102.000 луѓе се заразени во Египет и речиси 6.000 починале.

Во субсахарска Африка, најмногу заразени луѓе има во Нигерија, следува Гана.

Поврзани новости