Во Аеродром станува алармантно, 534 активно заразени со Ковид-19

by fokus

Бројот на заразени од Ковид-19 алармантно се зголемува во скопската општина Аеродром, каде што во моментот има 534 активно заразени.

Веднаш по Аеродром, по број на заразени, се општините Карпош со 446 заразени и Центар со еден помалку.

Во главниот град пак вкупно има 2.674 активно заразени, а потоа следува Струмица со 358 и Тетово со 288 случаи.

Од почетокот на епидемијата 23.788 граѓани се заразиле со вирусот, а 5.550 се уште се борат со Ковид-19. Бројот на смртни случаи пак се искачи на 846.

Поврзани новости