Во 24 часа еден починат и четворица нови заразени

by Fokus

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426
Во последните 24 часа, како последица од ковид почина едно лице, а од направени 1.337 тестирања, регистрирани се 4 нови заразени од кои три од Скопје и еден од Прилеп.

Починатото лице е од Скопје (66г).

Регистрирани се 14 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.

Поврзани новости