Во 17 часот протести против загадувањето од Железара

by Фокус 13:05
13:05

Во 17 часот пред главниот влез на фабриката Железара денеска ќе се одржат протести против загадувањето. Граѓаните се организират преку социјалните мрежи, револтирани од работата на Железара која продолжува да ги труе скопани, иако се поминати сите рокови за поставување филтри за заштита од загадувањето.

Граѓаните сведочат дека ноќе не можат ниту да ги отворат прозорците бидејќи се шири неподнослива и тешка миризба.

„И покрај тоа што објавија дека фабриката, поточно „Макстил“ ќе прекине да работи на одредено време, деновиве е позагадено од било кога. Можеби не сметаат за слепи будали и ова го прават со намера. Да пружиме барем најмал отпор – ПРОТЕСТ СО БЛОКИРАЊЕ НА ГЛАВНИОТ ВЛЕЗ! ФИЛТРИ ВЕДНАШ!“, пишува на Фејсбук страницата Стоп за фабриката Железара и загадувањето на Скопје. 

- Advertising -

Протестите ќе се одржат пред главниот влез на фабриката, кај стадионот на Металург.

На социјалните мрежи буквално врие од фотографии и видеа од чадот што излегува од оџаците на „Макстил“.

 

 

Поврзани новости