Во 17 часот „Излези за воздух“ пред Влада

by Фокус

Во организација на дваесетина граѓански здруженија, денеска во 17 часот пред Влада ќе се одржи протест против енормното загадување на воздухот. Протестот е под мотото „Излези за воздух“, а барањето на организаторите е властите да преземат конкретни мерки за превенција од загадувањето на воздухот.

Тие реагираа и на вчерашните мерки кои ги усвои Владата, за кои велат дека всушност се евакуација на населението, а не мерки за превенција.

-Наместо да си ја префрлаат топката, Владата, МЖСПП и локалните самоуправи на загрозените општини треба итно да реализираат кризни, краткорочни мерки, а истовремено да работат и на долгорочни, стратешки мерки кои ќе превенираат вакво енормно загадување. Со други зборови, Владата, МЖСПП и општините не треба да бидат само декларативни „пожарникари“ против аерозагадувањето, туку треба да работат на спроведување на итните мерки и на превенција, рекоа организаторите.

Тие велат дека ќе продолжат да вршат притисок врз институциите се додека не се реши ситуацијата со огромното загадување на воздухот кое е пристутно речиси во сите градови во Македонија.

Поврзани новости