Во 12 градови низ земјава, во кои во изминатиот период имало заболени од корона вирусот, денешната статистика покажува дека таму веќе нема активни заразени.
Поточно во моментот градовите без активни регистрирани заболени се: Дебар, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Крушево, Пробиштип, Кичево, Демир Хисар, Македонски Брод, Делчево и Виница.
• Скопје – 588, активни 138
• Куманово – 411, активни 47
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 1
• Прилеп –190, активни 62
• Тетово – 126, активни 63
• Струга – 69, активни 6
• Велес – 111, активни 49
• Битола –25, активни 6
• Охрид –17, активни 2
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –19, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 2
• Берово-1, активни 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, бројката на оздравени пациенти е 1.235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.