Внуката на Корчагин: Мојот дедо е убиен од бугарскиот агент Анто пратен од бугарската полиција

by fokus

Внуката на Раде Јовчевски Коргачин, Калина Јовчевска се обрати на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата.

-Драги браќа и сестри Македонци. Живеев живот вон очите на јавноста и сакав така и да остане. Мислев дека моето семејство дало доволно крв за Македонија. Зоран Заев го навреди моето семесјтво. Ги навреди моите дедо и татко, и мене и моето дете. Како да го избришам семесјтно херојество, зарем треба да го кријам мојот дедо од моето дете. Корчагин е мој дедо, еден од основачите на двата партизански одреди формирани да ја ослободат Македонија од окупаторот. Два пати бил осудуван на смрт во негово отсуство. Бил ладокрвно убиен од Анто Георгиев, бугарски агент по наредба на бугарската полиција. Отворено го прашувам Заев дали според некогово сфаќање, промена на таблите значи почеток на укинување на целата вистина? Дали во интерес на добрососедството  гимназијата Раде Јовчевски Корчагин ќе биде преименувана во  Геогриев Анто, убиецот на мојот дедо? Народе, спротивстави се, не дозволувај да ти го одземат идентитетот, порача Јовчевска.

Поврзани новости