Внука си го ограбила дедото, му одзела 65 илјади евра и разновидна докуемнтација

by fokus 11:18
11:18

С.М. (68) од Велес пријавил дека во периодот од 18.05.2018 до 30.05.2018 година во неговата куќа на ул.„Јордан Џурнов“ во Велес непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот преку незаклучената влезна врата влегол на приземјето од куќата и со подесен алат го отворил катанчето од вграден ѕиден плакар од каде одзел акт-чанта со две шифрирани брави во која имало 65.000 евра и разновидна документација, по што заминал во непознат правец.

- Advertisements -

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Истиот ден во 21:00 часот во СВР Велес бил извршен разговор со 17-годишна малолетничка од Велес, внука на пријавителот, во присуство на нејзиниот татко и социјален работник. Во 21:30 часот полициски службеници во хотелска соба изнајмена од малолетничката била пронајдена и одземена чантата, која била оштетена и во која имало разни документи и поголема количина евра.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости