Внук си ја уби бабата во Драчево

by fokus

Во скопско Драчево попладнево со нож е убиена 66-годишна жена од нејзиниот внук, потврди Министерството за внатрешни работи за Сител телевизија.

Убиството се случило на улицата ,,Антон Димитов‘‘, во домот на убиецот кого полицијата го привела. Според информациите од истражните органи станува збор за 20- годишниот А.Р..

Во моментов во тек е увид на местото на убиството, а полицијата најавува повеќе информации откако ќе заврши увидот на терен и по распитот на приведениот кој е осомничен дека го извршил убиството.

Поврзани новости