Внатрешната контрола го презела случајот со невестата со пушка

by fokus

Секторот за внатрешна контрола ќе го испитува случајот со секретарката на началникот на униформираната полиција на СВР Битола, за која денеска СДСМ обвини дека пукала со пушка на својата свадба, потврди за „Мета“ портпаролката на битолската полиција, Сања Стаматова.

-Пред извесно време ја видовме фотографијата и внатрешната контрола го презеде случајот. Тие ќе одлучат што понатаму, изјави Стаматова.

Потпретседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Дарко Каевски, денеска на прес-конференција објави фотографии и рече дека нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, Марија Ристовска-Калешковска, со формациска пушка од МВР пукала на својата свадба.

Поврзани новости