Вмровците и денеска ќе блокираат раскрсници и ќе протестираат пред Министерство за правда

by Fokus

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат да запрат неправдите, хајките и местенките и тврдат дека ќе останат на улиците се додека, како што велат ова лудило на власта не престане.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:

– Крстосницата кај Мавровка;

– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;

– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Инаку, опозициската партија ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Поврзани новости