ВМРО во предност пред СДСМ

by Фокус 20:37
20:37

Кандидатот за претседател на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов во моментов, од гласовите што се избројани, води пред Стево Пендаровски со 136.000 наспроти 91.000 гласови.

Ова се првичните и неофицијални информации од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, од каде информираат и дека нивната партија води и во гласањето за парламентарни избори со 59.000 наспрема 29.000 гласови.

- Advertisements -

Неофицијалните информации од штабот на СДСМ пак покажуваат дека разликата меѓу Иванов и Пендаровски е 101.000 наспроти 85.000 гласови, од пребројани 20 отсто од гласовите.

Поврзани новости