ВМРО поднесе иницијатива за распуштање на парламентот: Нема да дозволиме Заев да избега од избори

by Фокус

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 февруари, со цел изборите да се оддржат на 12 април.

-Оваа одлука ја предлагаме бидејќи покрај исполнетоста на сите услови за одржување на предвремени избори за пратеници деновиве гледаме како лидерот на СДСМ се обидува да избега од истите со поставување услови за носење на закони кои од само нему познати причини претствувале услов за одржување на изборите, рече Мицевски – рече Мицевски.

Тој ги повикува и другите партии да ја поддржат оваа иницијатива.

-ВМРО-ДПМНЕ не е против закон за ЈО туку е против партиски закон за ЈО со кој ќе се заштити криминалот. Секое законско решение мора да биде со консензус но и во дослух со експертската јавност. Ние сме спремни доколку шесте предложени професори го направат овој закон безусловно да гласаме да го поддржиме – истакна тој.

Поврзани новости