ВМРО одлучи: Доста е, голем протест на 18-ти јуни!

by fokus

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заседаваше и одлучи дека партијата ќе организира протест на 18-ти јуни, а во наредниот период да продолжи активната блокада во Собранието на Република Македонија.

-Вечерва заеднички се согласивме околу неопходноста за организирање на голем народен протест кој ќе се одржи на 18-ти јуни. Извршниот Комитет одлучи во наредниот период да продолжи активната блокада во Собранието на Република Македонија. А, воедно ја оставаме отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи.
Подаваме рака и испраќаме порака за обединување на обесправените, сиромашните, стопанствениците, просветните работници, докторите, професорите, земјоделците. Напатениот народ на Македонија, изјави Тимчо Муцунски по завршувањето на седницата на ИК.

Тој додаде дека молкот не е опција и дека протестот е за промени и подобар живот.

-ПРЕМНОГУ Е! ОВА Е ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ!
Основната причини за донесувањето на наведените одлуки, за жал е Отсуството на било каква подготвеност на премиерот и владејачка гарнитура за  воспоставување на вообичаен политички дијалог со опозицијата и барем минимум државно единство  во поглед на нашите барања за изнаоѓање соодветни  излезни решенија околу одредени кризни состојби и предизвици со кои веќе подолг временски период се соочува нашата држава.
Протестот очигледно е изнуден и повеќе од неопходен и затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и во еден глас да соопштиме дека тие се оние кои ја даваат и одземаат довербата. Време е да се обединиме, а нашите граѓани се мудри и знаат да го направат вистинскиот избор, рече Муцунски.

Поврзани новости