ВМРО-НП во вториот круг во Штип го поддржа Бочварски

by fokus

Никола Тасев член на Извршниот комитет на ВМРО-НП денеска на прес конференција соопшти дека неговата партија во вториот изборен круг на локалните избори својата поддршка ја дава на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски.

-ВМРО-Народна партија во вториот круг на изборите застанува зад Благоја Бочварски комплетно. Застанува зад него, зад неговите проекти, неговите идеи, рече Тасев.

Бочварски на заедничката прес-конференција се заблагодари за поддршката за вториот круг на Локалните избори, кои ќе се одржат на 29 октомври.

Поврзани новости