ВМРО-НП: Власта ги руши односите со САД!

by Фокус

ВМРО – Народна партија остро протестира против несоодветната и избрзана реакција на МНР во врска со изјавата на новонаименуваниот амбасадор на САД во Македонија, кој направи дистинкција меѓу словенското и несловенското население во земјава.

– Ваква непромислена постапка од министерството, досега незабележана во дипломатијата, ги разгоре страстите на провладините медиуми кои жестоко и неоправдано се нафрлија на официјалната надворешна политика на САД, со што се нанесени несогледиви последици на понатамошниот развој на односите со нашиот најголем стратешки партнер. Сегашната неповолна ситуација во која се наоѓа Македонија на меѓународен план, бара сериозно да размислиме како да се однесуваме на укажувањата и критиките кои доаѓаат од нашите пријателски држави. Во спротивно, доколку и понатаму го задржиме ваквото самобендисано однесување, ќе бидеме се подалеку од евро-атланските интеграции и ќе тонеме во изолација“, соопштија од НП.

Според партијата на Љубчо Георгиевски, оваа изјава треба да се сфати како добронамерна порака до власта во насока на отрезнување од заблудите што произлегуваат од процесот на антиквизација што го иницира и го подржува.

Поврзани новости