ВМРО-НП стана членка на Алијансата на конзервативци и реформисти

by Фокус

ВМРО-Народна партија стана членка на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа (Alliance of Conservatives and Reformists in Europe – ACRE) на самитот на АКРЕ што се одржа во саботата во Баку, Азербејџан.

Во оваа организација, која е трета најголема политичка групација во Европскиот Парламент, членуваат политички партии од целиот свет, како на пример Републиканската Партија на Америка, Конзервативната Партија на Канада, Конзервативната Партија на Велика Британија…

„Со членството во Алијансата на конзервативци и реформисти на Европа како глобален член, ВМРО – Народна Партија, ја докажува својата заложба и придонес за интеграцијата на Македонија во Европската Унија и НАТО“, стои во соопштението на партијата на Љубчо Георгиевски.

Поврзани новости