ВМРО-НП разочарани од Агатанел, се надеваат дека ќе ја повлече одлуката да се наплаќа фотографирање во црквите

by fokus

Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија од Охрид со крајно разочарување и неверување ја прими информацијата која проструи низ медиумите дека повардарската епархија, која ја управува владиката Агатангел донела одлука да се наплаќа фотографирање пред и во новиот изграден храм Свети Кирил и Методиј, велат од партијата на Љупчо Георгиевски.

„Го потсетуваме владиката Агатангел дека основната цел и мисија на светата Македонска Православна Црква е да го шири и проповеда христијанството во нашата Македонија и пошироко, а со тоа и повеќе верници да ги посетуваат нашите православни цркви, а не со своите постапки да ги оддалечувате од истите“, додаваат од ВМРО-НП.

Од партијата се надеваат дека по реакцијата на многубројните верници Агатангел ќе ја исправи, како што велат, оваа грешка и наместо политика ќе проповеда љубов вера и надеж помеѓу христијанските браќа, посочуваат од таму.

Поврзани новости