ВМРО-НП против гостувањето на Цеца за Илинден

by Фокус 14:47
14:47

ВМРО-Народна партија предупредува на штетните последици од традиционалното ангажирање на пејачи и пејачки од северниот сосед да ги забавуваат македонските граѓани при прославувањето дури и на најсветите денови од македонската историја.

„Непосреден повод  за ваквата реакција е гостувањето на турбо фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ единствено популарна како вдовица на познатиот српски злосторник Аркан, која ќе пее за чествувањето на Илинденските празници во Охрид. Охрид, град крепост на духовноста, писменоста, културата и уметноста кои се основни белези на идентитетот на секој народ, брутално да биде понижен на ваков начин од пејачка која не поседува никакви уметнички вредности освен што е вдовица на Аркан, најблаго речено е неразбирливо“, стои во соопштението на ВМРО-НП.

- Advertisements -

Од партијата велат дека „зад ваквите настани кои претставуваат тежок удар врз идентитетот на Македонците, стои директно ВМРО-ДПМНЕ“.

„Партија која се фали дека го открила постоењето на македонскиот идентитет уште од пред 3.000 години и заради тоа се чувствува самоповикана и единствено задолжена да го негува и брани истиот.  Жално е една ваква опасна инфекција да се рашири во редовите на ВМРО-ДПМНЕ до степен на епидемија, кога знаеме дека до пред 10 години, раководството, членовите и симпатизерите на оваа партија имаа природно изграден имунитет од овој политички феномен“, велат од ВМРО-НП.

Поврзани новости