ВМРО-НП: Очекуваме Груевски да прави влада со Тачи, а не со Ахмети

by Фокус 14:35
14:35

ВМРО-Народна партија очекува патриотска реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со не прифаќање на уцените од ДУИ, а да направи влада со ДПА, како што во текот на кампањата беше најавувано од страна на двете политички партии. Напоменуваме дека ВМРО-ДПМНЕ упорно ги убедуваше македонските гласачи дека ДПА е поприфатлив коалициски партнер затоа што имала поскромни барања од ДУИ, се вели во денешното соопштение на партијата на Љубчо Георгиевски.

„Пред само два месеци кога беа распишани предвремените парламентарни избори на целиот гласачки електорат во Република Македонија од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, беше кажано дека основен мотив за распишување на предвремените парламентарни избори е неможноста за понатамошно фукнцкионирање на владата од постојаните притисоци, закани, и барања на ДУИ кои биле на директна штета на македонските граѓани. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ побара од македонските граѓани 62 мандати за да има легитимитет да направи влада без учество на ДУИ. Овој мотив апсолутно доминираше во текот на целата нивна кампања, во секој нивни спот, настап и митинг.
ВМРО-Народна партија прашува како тоа одеднаш овие условувања поставени од ДУИ, сега после добиените 61 мандат станаа безначајни, и прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ ако се знае дека ДУИ охрабрена од постигнатите резултати на овие избори уште повеќе ги зацврсти своите позиции и ставови и нема да остапи од зацртаните цели”,

- Advertising -

 

Поврзани новости