ВМРО-НП обвинува за незаконски тендер

by Фокус

ВМРО-Народна партија обвинува дека тендерската постапка за избор на изведувач за изградба на објекти во кои ќе бидат сместени Факултетот за информатика и Факултетот за физичка култура, распишан од Министерството за образование, бил спроведен во крајно нетранспарентна и незаконска постапка.

„Фирмата што понудила најдобри услови и најниска цена незаконски била предвреме елиминирана со образложение кое целосно е спротивно со одредбите од Законот за јавни набавки. Сето ова е направено за да се спречи учеството на лицитацијата и заради најповолно понудени услови да не го попречи изборот на однапред утврдениот победник на тендерот. Изградбата на факултети претставува општ јавен интерес на граѓаните и тие имаат право да знаат кој, како и во колкава мера ги троши нивните пари“, стои во соопштението на НП на Љубчо Георгиевски.

Поврзани новости