ВМРО-НП: На гласачкото ливче да има опција „Не гласам за никој“

by fokus

ВМРО-НП денеска со цел допрецизирање на условите за одржување фер, демократски и кредибилни предвремени парламентарни избори, предложи гласачкото ливче да има и опција „Не гласам за никој“.

-Со ова големиот процент на неважечки ливчиња кој се движи помеѓу 3 – 4% од вкупниот број на излезени гласачи, значително ќе се намали. Исто така, целосно ќе се елиминира и можноста, членовите на гласачките одбори при броењето на гласови со едно пречкртување на важечкото гласачко ливче да го претворат во неважечко, со што се има директно влијание на крајниот резултат на гласањето, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Партиајта смета дека со оваа можност реално ќе се види колкав е бројот на граѓани кои не веруваат во ниедна политичка опција, а притоа ќе се одбегнела можноста да бидат обележани дека не гласале, а со тоа и да не бидат изложени на притисок од големите политички партии.

Поврзани новости