ВМРО-НП: Итна оставка од министерот за правда

by fokus

Општинските комитети на ВМРО-Народна партија од Тетово, Гостивар и Дебарбараат итна оставка од министерот за правда, Валдет Џафери.

Тие реагираат на, како што наведуваат, противуставната и противзаконската одлука на судскиот-буџетски совет за исплата на намалени плати за 40 отсто на вработените во судската администрација кои штрајкуваат веќе два месеци.

„Се прашуваме зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи во однос на овој голем проблем кој по се изгледа ќе се развлекува и понатаму? Општинските комитети на ВМРО-Народна партија од Тетово, Гостивар и Дебар упатуваат безрезервна поддршка за штрајкувачите од Синдикатот на УПОЗ и нивните барања за зголемување на додатоците на плата за 35 отсто“, соопшти тетовската ВМРО-НП.

Поврзани новости