ВМРО-НП: Георгиевски му го предаде печатот на ВМРО-ДПМНЕ на Груевски по лидерската смена!

by Фокус 12:28
12:28

Во пријателска атмосфера, Љубчо Георгиевски му го предаде целокупниот архивски материјал, вклучувајќи го и печатот на партијата, на новоизбраниот претседател Никола Груевски, по лидерската смена во ВМРО-ДПМНЕ на партискиот Конгрес во Охрид во 2003 година.

Ова е реакцијата ВМРО-НП во однос тврдењето на Илија Димовски дека печатот на белешката што ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, според која, ВМРО-ДПМНЕ примила вкупно 80.000 евра во кеш од донатор во 2006 година, го користело старото партиско раководство предводено до расколот во 2004 година.

„Објаснувањето на господинот Илија Димоски дека на 02.11.2004 година ВМРО-ДПМНЕ добило печат со различен изглед не ја исклучува можноста партијата да го задржала кај себе и стариот печат како би можела да го користи за вакви или слични дејанија, како што е во случајот со најновото обвинение од страна на СДСМ“, соопштија од НП.

- Advertising -

Инаку, лидерот на социјалдемократите Заев на прес-конференција објави две каса-прими уплатници, на кои се гледа дека Загорац Тумбовски уплатил еднаш 30.000 и вторпат 50.000 евра, кои, според него, не се евидентирани во финансиските извештаи на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека станува збор за класичен и груб фалсификат, бидејќи, меѓу другото, печатот на уплатниците во 2006 година бил пријавен за исчезнат и прогласен за невежечки една година претходно.

Додека ДПМНЕ ги отфрла овбинувањата на СДСМ дека парите во кеш ги примил Никола Груевски, главно врз основа на тоа дека печатот го користело старото партиско раквоодство предводено од Георгиевски, од НП тврдат дека печатот му бил свечено предаден од новото раководство на чело со Груевски, прашувајќи ја најголемата владејачка партија дали истовремено користела два печати за ралични потреби?

Поврзани новости