ВМРО-НП: Државните институции ни попречуваа да го разнесуваме рекламниот материјал

by Фокус 11:43
11:43

Државните институции вчера ни попречија да го разнесуваме нашиот рекламен материјал. Тоа се случуваше во скоро сите градови низ земјава, со што можам сигурно да потврдам дека на овој начин пропагираа во корист на владејачката партија. Со овие зборови генералниот секретар на ВМРО-НП и носител на втората изборна единица, Љупчо Балковски ја почна својата прес – конференција револтиран од игнорантското однесување на медиумите.

– Тоа во една демократска земја, како што се преставуваме, воопшто не треба да се случува. Слободно можеме да кажеме дека целиот изборен процес, како и во медиумското, рекламното и кампањското преставување на сите партии немавме ист третман како што е предвидено во Изборниот законик. Без разлика на сите тие попречувања, тоа што го видовме на средбите со граѓаните дава надеж дека народот повеќе не се плаши од актуелната власт – истакна Балковски.

- Advertising -

Тој им порачува на граѓаните, во недела масовно да излезат на изборите и да гласаат за демократија, за Европска Унија, НАТО и за својата слобода

 

 

 

 

 

Поврзани новости