ВМРО-НП: ДПМНЕ прави диверзии со некакви членови кои не ни фигурираат во нашите списи

by fokus

ВМРО-Народна партија се оградува од постапките на, како што вели, таканаречени членови кои на прес-конференција се изјаснија дека ја напуштаат ВМРО-Народна партија и преминуваат во ДПМНЕ.

-Ниту е прв, а ниту последен пат некогаш владеачката, а сега опозициската ДПМНЕ да прави таканаречени диверзии со некакви членови кои ниту се појавиле во ВМРО-Народна партија ниту фигурираат во архивските списи како членови. ВМРО-Народна партија смета дека со ваквите неартикулирани постапки ДПМНЕ само го покажува стравот од силна ВМРО-Народна партија, особено сега кога членството и сите општински комитети се активирани во своите општини работејќи на подобрување на условите за живеење преку разни програми. ВМРО-Народна партија упатува апел до сите членови, симпатизери и гласачи да не наседнуваат на ваквите провокации и ситни испади на опозициската ДПМНЕ бидејќи станува збор за веќе видено сценарио особено во моменти кога ДПМНЕ јавно го манифестира стравот од зајакнувањето на ВМРО-Народна партија, се вели во соопштението од ВМРО  НП.

Поврзани новости