ВМРО-НП бара партиите да поддржат една изборна единица

by fokus

ВМРО-Народна партија ја потсетува јавноста дека уште во 2011 година кога никој не ни помислуваше да побара некакви промени, а камоли да предложи, упативме иницијатива за промена на изборниот модел, велат од партијата на Љупчо Георгиевски.

„Цврсто сме убедени дека само со измени на Законот за избори односно наместо шест вештачки изборни единици, се заменат со една изборна единица ќе добиеме вистински плурализам во парламентот, а со тоа ќе добиеме вистинска демократизација на Македонското општество. Исто така, предлагаме, да се укине однапред утврдениот квалификациски праг за влез во Собранието како и да се сменат правилата на игра и да се воведе државно финансирање со распределба на 0,3% од буџетот на Република Македонија“, соопштуваат од таму.

ВМРО-Народна партија ги повикува сите политички партии да ја поддржат оваа иницијатива бидејќи, велат од таму, само со ваков модел можат да се задоволат општите критериуми за фер и демократски избори во кои во преден план ќе биде изразената волја на гласачите подеднакво на целата држава.

Поврзани новости