ВМРО на протест пред затворот во Шутка: Хунтата сака ја да редефинира државата и историјата

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ најави дека во знак на револт против неоснованото и неправедно притворање и во знак на поддршка на жртвите на оваа, како што велат, хунта, денеска ќе организира протест во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.

„Заев и неговата хунта со тоталитаристички методи се пресметуваат со сите оние кои вистински ја сакаат Македонија. Ги злоупотребуваат институциите и неправедно ги затвараат сите оние кои не се согласуваат со политиките на хунтата. Глумци, режисери, уметници и архитекти се притвараат за измислен тероризам само затоа што јавно говореа за распродавањето на националните интереси и за штетните државни политики кои во изминатиот период ги спроведува Заев и неговите послушници. Заев преку груба злоупотреба на полицијата и со жесток притисок кон судството и обвинителството спроведуваат класичен политички линч и сатанизирање на опозицијата, но и заплашување на интелектуалците, за да создадат бришан простор за редефинирење на државата и историјата и да ги срушат темелите на македонската држава“, велат од ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека сценаријото на власта да вреже страв кај Македонците дека секој оној кој ќе го крене гласот и нема да се согласи со антидажавните политиките  на хунтата на Заев, ќе заврши во затвор или ќе биде затрупан со кривични пријави и обвиненија.

„Целта е да  се се покаже сила за да се пасивизира македонскиот народ. Да се даде до знаење дека секој македонски граѓанин кој јавно нема да се согласува, кој ќе крене глас против антидржавните политики на хунатата ќе заврши во притвор како Дурловски, Илиевски, Чавков, Дамовски, Јовановски и триесетина други кои без никаков основ ги обвинија за тероризам. Ваквата неправда нема да трае вечно, а оние кои одлучија Македонија да ја претворат во земја на политички затвореници ќе одговараат. ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со македонскиот народ на улиците во одбрана на демократијата во одбрана на националните и државни иннтереси“, истакнуваат од опозициската партија.

Поврзани новости