ВМРО: Ќе ги отпишеме долговите на најранливите категории граѓани!

by Фокус 13:28
13:28

Ќе ги отпишеме долговите на најранливите категории граѓани, кои имаат помалку од 1.700 евра годишни примања, порачаа вчера од Тетово, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и носител на пратеничката листа на шестата изборна единица.

– Имаме програма која е многу педантно изработена на 380 страници и во неа има над 2.000 проекти. Ќе работиме на создавањето 64.000 работни места во Македонија во наредниот четиригодишен мандат и ќе ја намалиме невработеноста од 28 на 22 проценти – порача Попоски и додаде дека секоја година ќе има по 150 милиони евра субвенции за земјоделците. Премиерот Груевски порача дека кога граѓаните одат со ВМРО, одат на проверено и затоа така се вика нивната програма. Тој најави дека пензиите, социјалната помош и платите во јавниот сектор ќе се зголемуваат за 5 процентни поени годишно или 21,5 проценти во текот на наредните четири години.

- Advertising -

– Предвидено е доколку обезбедиме двотретинско мнозинство, да ги нивелираме казните според економската моќ на субјектот. Да не плаќаат исти казни фабриките што имаат по 500 вработени и дуќанчињата со двајца-тројца вработени – вети премиерот. На митингот се појави и претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, кој објасни дека резултатите на оваа владејачка гарнитура се видливи бидејќи работеле како тим!

Поврзани новости