ВМРО и СДСМ договориле нов државен ревизор

by Фокус

Власта и опозицијата постигнале договор околу изборот за нов државен главен ревизор, но официјално неговото име не се соопштува, објави државната агенција МИА.

Ова прашање треба да биде дискутирано на денешната собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата, во чии рамки долго време беше заглавена точката поради политички разлики.

Во меѓувреме, работата на ДЗР е блокирана поради тоа што оваа институција нема директор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 4-ти овој месец.

Останува да се види дали ќе се псотигне договор за испразнетото директорско место во Дирекцијата за заштита на личните податоци, во комисиите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за антидискриминација…

Поврзани новости