ВМРО го спореди СДСМ со српското ултрадесничарско движење ДВЕРИ

by Фокус

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека опозицискиот СДСМ го копира српското ултрадесничарско движење Двери.

-Ултрадесничарското движење Двери на минатите избори излезе со централното мото „Да го вратиме животот во свои раце“. Српските ултрадесничари најавија преиспитување на функцинирањето на новите правосудни професии како нотари и извршители. Исто како Зоран Заев. Српските ултрадесничари најавија зголемување на даноците. Исто како што најави и Заев. Истите флоскули кои ги користат Двери ги користи и СДСМ. „Нема живот без слобода“, „Да ја вратиме државата на народот“, „Мора да се исполни правдата во Србија“ се дел од слоганите што ги слушаме од Заев низ Македонија, а што претходно ги слушаа и граѓаните во Србија – рече Драган Данев од оваа партија.

Во меѓувреме, носителите на пратеничките листи на владејачката партија беа во посети на повеќе градови низ Македонија, а вечер треба да се оддржи централен митинг во Скопје.

Поврзани новости