ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Шилегов не одговори како успеал за две години да купи три станови?

by Fokus

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму тврдат дека, партискиот портпарол Петре Шилегов, иако обично е гласен, се уште молчи како успеал за 2 години да купи три нови станови.

– Тој се надева дека доколку ги игнорира граѓаните, тие ќе заборават на него и на сомнежот за неговото богатење. Шилегов сеуште не одговори дали сам на себе си изнајмува станови и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Шилегов молчи и за прашањето дали сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво? – прашуваат од ДПМНЕ.

Според нив, Шилегов го нема никаде да каже колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво?

И, конечно дали сите овие малверзации препознатливи за криминалното раководство на СДСМ се начинот по кој милионерот Шилегов успеал да заработи 200.000 евра за две години? Се’ укажува на тоа дека Шилегов ја продолжува шемата на Радмила Шекеринска која е позната по тоа што сама на себе си издава станови за месечен надомест од цели 5.000 евра – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости