ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДСМ не направи нешто за воздухот кога беше на власт?

by Фокус

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ за загадениот воздух и порача дека опозицсиката партија не можела да дише поради воздухот кој го загадила нивната тоталитарна политика.

-СДСМ треба да одговори и што воопшто преземале за подобрување на квалитетот на воздухот кога имале можност за тоа. СДСМ треба да каже зошто со прст не мрднале нивните министри и градоначалници. Зошто не смогнале сили барем да постават мерни станици за да се знае квалитетот на воздух во градовите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додадоа и дека недостигот од воздух кај СДСМ бил директно поврзан со ефектите на нивните „фашистички предлози за Законот за медиуми“.

Поврзани новости