ВМРО-ДПМНЕ: Зошто пациентите со Kовид-19 не се лекуваат со истата терапија што ја има во приватните болници?

by Fokus

Зошто терапијата за ковид-19 која пациентите ја добиваат во приватните болници не се користи и во државното здравство, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

-На неспособниот Филипче во фокусот му се неговите бизниси и бизнисите на Заев кој ја предводи владата. Во меѓувреме за граѓаните нема терапија, нема услови за лечење. Прашуваме зошто на заболените во јавните здравствени установи не им се дава терапија која ја има на приватните клиники за пари? Прашуваме зошто граѓаните собираат донации на Фејсбук за да се лекуваат во приватна клиника? Филипче девет месеци нема одговори за ништо. Токму затоа Филипче треба да замине од министерската функција. Филипче време е за одговорност!, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочувајќи го бројот на починати од ковид-19, од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побараа оставка.

-И по девет месеци од корона кризата Филипче никако да се свести што се случува. Заклучно со вчерашната статистика на министерството за здравство 1238 семејства се завиени во црно. Свесен ли е Филипче дека тоа не е само бројка, станува збор за човечки животи. Црните рекорди на Филипче на ставија Македонија, во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од КОВИД – 19 на 100 илјади жители, се вели во соопштението.

Поврзани новости