ВМРО-ДПМНЕ: Животот кој го носи СДС значи укинувања, беда и сиромаштија

by Fokus

Животот кој го носи СДС значи укинувања, беда и сиромаштија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните со владата на СДС секој ден стануваат се посиромашни, а државата се позадолжена. Доказ за тоа е дека и според податоците на Обединетите нации во Република Македонија 450.000 жители живеат во ризик од сиромаштија. Само 10 насто од тие граѓани се вработени, во неформалниот сектор, и живеат со помалку од 6.500 денари месечно. Неодговорноста на СДС нема граници, ја задолжи државата со околу половина милијадра евра за само 4 ипол месеци. Со задолжените пари владата на СДС не направи ниту една капитална инвестиција, и не им кажа на граѓаните каде ги потроши парите. Но во исто време владата на Зоран Заев крати од плати, субвенции за земјоделците, инфраструктурни проекти и други капитални расходи.

Поврзани новости