ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше бесплатно здравство во ЕУ, а се сведе на попуст за кафе

by Fokus

Зоран Заев ги излажа граѓаните. Им ветуваше европска Македонија, сега нуди мини шенген Македонија. Членството во големото европско семејство на држави нема алтернатива во една регионална соработка, која патем не е целосна, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Патем оваа сензационална иницијатива на Заев, која сака да ја прикаже како голем дипломатски успех со цел да го покрие фијаското со членството во ЕУ, нуди во голема мера соработка со Албанија и Србија која и до сега била остварувана. И досега трите држави си помагале кога се работи за природни непогоди, и досега имало економска соработка, и досега имало соработка во областа на здравството, вeлaт од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Заев ветувал бесплатно здравство од Европската Унија, а се сведе на попуст на кафе и преспивање во Србија и Албанија и потсетуваат дека тоа не биле неговите ветувања.

-Европската Унија поради Заев станува се подалечна затоа што Македонија е најлоша во Европа во борбата против корупцијата и ја има најкорумпираната влада во Европа. Зоран Заев имаше четири години да направи европски реформи ама времето го троши на криминал и лично богатење. Наместо конкретни унапредувања на системот, тој става европски знамиња на закони како тој за марихуана со цел да си обезбеди бенефит на семејниот бизнис, обвинува партијата.

Поврзани новости