ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветувал вработување на 300 пилоти од Арачиново, а толку пилоти нема во цела држава

by Фокус

Зоран Заев го ветувал и невозможното само за да дојде до глас повеќе, обвини ВМРО-ДПМНЕ, откако жител на Арачиново изјави дека социјалдемократите предизборно им ветувале вработување на 300 пилоти.

„Да лажете луѓе од едно населено место дека само од нивното место ќе вработите 300 пилоти е врв на безобразие и поигрување со состојбата во која се наоѓаат луѓето притиснати од материјално-егзистенцијални проблеми. Колку е голема лагата на Заев гледаме и од фактот што 300 пилоти во Македонија немало од осамостојувањето па до денес. За да бидат примени 300 пилоти тие треба да поминат обука и никој не може да гарантира дека сите 300 кои ја почнеле и ќе ја завршат обуката“, велат од ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Заев нема повеќе кредибилитет и треба да си замине од позицијата.

Поврзани новости