ВМРО-ДПМНЕ: Заев веќе нема простор да го лаже народот

by Fokus 11:22
11:22

Криминалецот Зоран Заев јавно се обврза дека ја отфрла Тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев веќе нема простор од една страна да го лаже народот за заштита на националните интереси, а од друга да дава ветувања за реализација на Тиранската платформа. Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето резолуција за геноцид врз Aлбанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ – се наведува во соопштението на ДПМНЕ.

- Advertisements -

 

Поврзани новости