ВМРО-ДПМНЕ: Заев со лаги сака да го покрие изборниот срам

by Фокус 15:23
15:23

Прес конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, на која го праша премиерот Никола Груевски дали земал 1,5 милиони евра во кеш, е тотална лага и измислица, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму сметаат дека на овој начин социјалдемократите се обидуваат да го покријат изборниот срам што им се случи на првиот круг од претседателските избори.

- Advertisements -

„Народот му кажа што мисли за неговот концепт во неделата, но тој во неговата самобендисаност и ароганција, не разбирајќи ја пораката од народот дека нема доверба во него, живее во некој свој свет во кој што сите се криви, народот е крив, само тој никако не е крив. Тоа доаѓа од човекот кој се откорна од делење тендери на своите браќа, братучеди, чичковци, снаи и доаѓа од човекот кој доби аболиција за сторен криминал од 8 милиони евра од неговиот ментор Бранко Црвенковски“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости